Турција остро ги осуди нападите на болници во градот Алепо во Сирија

МНР на Турција објавеи соопштение во кое се истакнува дека со голема огорченост се гледа како безмилосно продолжуваат воздушните напади на силите на режимот и Русија врз болниците, училиштата, џамиите и други цивилни објекти во Сирија

507646
Турција остро ги осуди нападите на болници во градот Алепо во Сирија

Турција остро ги осуди нападите на болници во градот Алепо во Сирија.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со голема огорченост се гледа како безмилосно продолжуваат воздушните напади на силите на режимот и Русија врз болниците, училиштата, џамиите и други цивилни објекти во Сирија.

Во соопштението се вели: „Најостро ги осудуваме нападите во градот Алепо  во кои од вчера се земаат за цел болниците и кои предизвикуваат смрт за десетици цивили. Од реализираните напади се подразбира дека била целосно срамнета со земја болницата која се наоѓа во маалото Шаер во Алепо. Овие напади немаат свое место во човештвото. Јасно стои дека нема да останат неказнети овие извршени злосторства.“

„Наша желба е што побрзо да бидат изнесени пред лицето на правдата одговорните на сиве овие извршени злосторства против човештвото и  да се обезбеди овие напади и акции кои преминаа во историјата на човештвото како црна дамка за што е можно побрзо време да бидат сопрени од страна на меѓународната заедница.



Слични вести