„Терористичките напади во Истанбул и во Мардин го изгореа срцето на Турција“

Претседателот Ердоган истакна дека терористичките напади во Истанбул и Мардин го изгореа срцето на Турција

506957
„Терористичките напади во Истанбул и во Мардин го изгореа срцето на Турција“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара се состана на ифтарска вечера со претседателите на месни заедници.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека терористичките напади во Истанбул и во Мардин го изгореа срцето на Турција. 

„Бомбите кои вчера експлодираа во Везнеџилер, а денеска во Мидјат повторно го изгореа нашето срце. Во секој напад имаме жртви и повредени. Уште еднаш барам милост од Аллах за нашите жртви полицајци и граѓани во овој свиреп напад и го изразувам моето сочувство до нашиот народ.“ - рече Ердоган.

Привлекувајќи внимание кон тоа дека Турција е гласот на сите угнетени и ранливи луѓе во светот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Со секој поминат ден стануваме се посилниот глас на сите угнетени и ранливи луѓе во светот. Угнетените и ранливите во светот го очекуваат гласот на Турција. Ве очекуваат вас, не очекуваат нас.“



Слични вести