Специјален самит меѓу Турција и ЕУ посветен на тероризмот

Меѓу Турција и ЕУ во Брисел се одржа специјален самит во чии рамки беше постигнат компромис во однос на голем број прашања како што се борбата против финансирањето на тероризмот и депортирањето на лицата поврзани со тероризмот

507104
Специјален самит меѓу Турција и ЕУ посветен на тероризмот

Турција и ЕУ постигнаа согласност по прашањето на зголемување на судската соработка кое ги содржи и борбата против финансирањето на тероризмот и депортирањето на лицата поврзани со тероризмот.

Меѓу Турција и ЕУ во белгискиот главен град Брисел се одржа специјален самит посветен на тероризмот.

Турската страна до своите европски соговорници го достави очекувањето на Турција за реализација на поголема соработка и водење на активна борба во борбата против терористичките организации како што се ПЈД, ЈПГ, ДХКП-Џ и Паралелната државна структура ПДЈ-ФЕТО, како и против  сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На самитот беше постигнат компромис во однос на голем број прашања како што се борбата против финансирањето на тероризмот и депортирањето на лицата поврзани со тероризмот, а исто така беше нагласено и значењето од заедничко работење како стратешки сојузници против заканите насочени против безбедноста и мирот.

На самитот беше донесена одлука и за зголемување на мерките во борбата против терористичката организација ДЕАШ и стопирањето на премините на странски терористички борци.



Слични вести