Претседателот Ердоган замина за САД каде што ќе учествува на погребната церемонија на Мухамед Али

Претседателот Ердоган замина за САД каде што ќе учествува на погребната церемонија на легендарниот боксер Мухамед Али кој почина на крајот од минатата недела

507073
Претседателот Ердоган замина за САД каде што ќе учествува на погребната церемонија на Мухамед Али

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа замина за САД каде што ќе учествува на погребната церемонија на легендарниот боксер Мухамед Али кој почина на крајот од минатата недела.

Претседателот Ердоган во дадената изјава на аеродромот Есенбога во Анкара пред да отпатува за САД истакна дека Мухамед Али освен тоа што беше шампион на ринговите Тој беше и шампион на срцата.

„Секој негов збор, секој негов удар и секоја негова победа им влеа надеж и сила на милијарди угнетени луѓе од Африка до Азија.“ - рече Ердоган.

Привлекувајќи внимание дека Мухамед Али водеше честита борба против расизмот и дискриминацијата, претседателот Ердоган нагласи дека има големо значење неговиот збор „Побарав богатство од Аллах, фала му Тој ми го даде исламот“.

Ердоган истакна дека Мухамед Али со начинот на однесување кој што служеше за пример и го покажа по примањето на исламот стана повод голем број лица да го примат исламот и рече: „Никогаш нема да се заборави неговиот став што особено по терористичките напади од 11 септември кога го стави пожарникарскиот шлем на својата глава и рече ’исламот не е религија која убива. Исламот значи мир.’ Вербата, еланот и одлучноста кои станаа извор на инспирација за сите луѓе имаат голема улога во неговиот успех што го заслужува до крај.“

Потсетувајќи и на тоа дека Мухамед Али по примањето на исламот ја посети Турција, претседателот Ердоган рече: „Јас како претседател на Република Турција заедно со делегацијата во моја придружба ќе учествувам на неговата погребна церемонија и ќе го испратиме во неговиот вечен дом. Неговиот живот и став и неговата борба ќе продолжат да служат како извор на инспирација за нас. Празнината која ќе се појави во угнетените срца по неговата смрт ќе ја надоместиме ние застанувајќи во одбрана на неговиот спомен и неговото наследство.“

Ердоган истакна дека по повод оваа негова посета ќе оставри и средби со високи функционери на странски земји за кои се очекува да учествуваат на погребната церемонија на легендарниот боксер Мухамед Али, а воедно напомена дека ќе се состане на ифтарска вечера и со Турците Ахиска кои се иселиле во САД и живеат во регионот на Чикаго како и со муслиманите од овој дел на САД.



Слични вести