Владимир Путин: Ние не се откажавме од проектот Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја не се откажа од проектот „Турски тек“ со кој се има за цел рускиот природен гас преку Турција да се транспортира во Европа

506257
Владимир Путин: Ние не се откажавме од проектот Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Кремљ.

На одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот Владимир Путин се осврна на односите помеѓу Турција и Русија при што истакна дека неговата земја не се откажа од проектот „Турски тек“ со кој се има за цел рускиот природен гас преку Турција да се транспортира во Европа. 

Путин рече: „Ние не се откажавме од проектот за гасоводот Турски тек, меѓутоа имаме извесни политички проблеми со Турција. Освен тоа треба да се разјасни позицијата на Европската комисија за проектот. Во моментов не станува збор за такво разјаснување.“

Поради тоа што руската енергетска компанија Газпром не го внесе во договорот за продажба на гас на Турција намалението од 10-отсто за кое беше постигната согласност не можеше да се постигне напредок во проектот Турски тек.

Потоа по случајот со соборување и на рускиот воен авион кој на 24 ноември го прекрши турскиот воздушен простор функционерите на двете земји изјавија дека се прекинати разговорите за реализација на овој проект.



Слични вести