Терористички напад со возило-бомба на Полициската управа во Мидјат во Мардин

Припадници на терористичката организација ПКК извршија терористички напад врз зградата на Полициската управа во населеното место Мидјат во округот Мардин во кој животот го загубија 5 лица од кои две жени полицајци и тројца цивили, а 51 лице се повредени

506650
Терористички напад со возило-бомба на Полициската управа во Мидјат во Мардин
midyat emniyet müdürlüğüne saldırı 1.jpg
midyat emniyet müdürlüğüne saldırı.jpg
mardin saldırı1.jpg

Кукавичкиот тероризам овојпат се појави во Мардин...

Во реализиран напад со возило-бомба од страна на припадници на терористичката организација ПКК врз зградата на Полициската управа во населеното место Мидјат во округот Мардин според првични претпоставки животот го загубија две жени полицајци и тројца цивили.

Едната од жените полицајци била во шестиот месец од бременоста.

Во терористичкиот напад беа повредени и 51 лице кои со помош на амбулантни возила беа префрлени на лекување во околните болници.

Под дејство на силната експлозија беше причинета голема материјална штета и во колективните полициски станови и околните згради.

На местото на нападот беа испратени дополнителни безбедносни сили.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган веднаш по нападот го побара по телефон министерот за внатрешни работи Ефкан Ала од чија страна беше информиран во врска со случајот.

Претседателот Ердоган кој ги следи случувањата одблизу оствари телефонски разговор и со заменик валијата на Мардин Еркан Чапар.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека нападот е извршен од страна на терористичката организација ПКК.

Премиерот Јилдирим ги посети во болницата каде што се наоѓаат на лекување повредените во вчерашниот терористички напад во Истанбул во кој животот го загубија 6 полицајци и 5 цивили и во дадената зијава на зилегува истакна дека тероризмот не може да ги принуди државата и народот да потклекнат.

Јилдирим рече: „Мојот народ да знае дека Република Турција е силна, а турскиот народ е сплотен. Никако не можат да го застрашат ниту нашиот народ, ниту пак оваа голема држава можат да ја одвратат од оваа нејзина достојна борба, од оваа нејзина борба за својата иднина и од нејзината борба за слобода.“

Премиерот Бинали Јилдирим подвлече дека за да се крене тероризмот од дневниот ред на Турција како во градовите и населените места така и во руралните подрачја нејзините безбедносни сили и граѓани сплотени ќе продолжат да ја водат деноноќно оваа беспоштедна борба. 



Слични вести