Претседателот Ердоган го ратификува законот за укинување на пратеничкиот имунитет

Претседателот Ердоган го ратификува законот за укинување на пратеничкиот имунитет со кој е отворен патот за поведување на кривична постапка и изнесување пред суд на 152-јца пратеници

506157
Претседателот Ердоган го ратификува законот за укинување на пратеничкиот имунитет

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го ратификува законот за укинување на пратеничкиот имунитет.

Законот со кој се предвидува да се направи измена во Уставот во врска со укинувањето на законодавно-правниот имунитет на пратениците беше објавен и во Службениот весник на Република Турција.

Според тоа во Уставот е додаден привремен член со кој е отворен патот за поведување на кривична постапка и изнесување пред суд на 152-јца пратеници.



Слични вести