„Наместо совети на Турција треба да и се даде бескомпромисна поддршка во борбата против тероризмот“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека европските пријатели наместо да и даваат совети на Турција во нејзината борба против тероризмот треба да и дадат бескомпромисна поддршка

506814
„Наместо совети на Турција треба да и се даде бескомпромисна поддршка во борбата против тероризмот“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во претседателската палата во Бештепе во Анкара одржа конференција за претставниците на печатот на која направи проценка на актуелниот дневен ред.

Калин истакна дека европските пријатели наместо да и даваат совети на Турција во нејзината борба против тероризмот треба да и дадат бескомпромисна поддршка.

Укажувајќи на тоа дека терористичките организации од видот на сепаратистичката ПКК не се одржуваат на нозе со нивни сопствени динамики, Калин рече: „Се гледа чија маша и чиј пион е ПКК.“

Ибрахим Калин им се заблагодари на како што рече „нашите пријатели“ кои испратија пораки со сочувство од Европа до која потоа го постави и следното прашање: „Добро дали нашите европски пријатели знаат колку параван организации има оваа терористичка организација ПКК во цела Европа?“

Велејќи дека кога ќе и се рече тоа на Европа се добиваат одговори како што се „човекови права, слобода на изразувањето, надвласта на правото“, Калин укажа на тоа дека веќе треба да се стави крај на овој дволичен став и овој двоен стандард и рече: „Исто така и САД веќе не треба да соработуваат со продолжетоците на оваа организација.“ 

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин подвлече дека терористичките напади кои беа реализирани вчера во Истанбул, а денеска во Мардин го изнесуваат тоа колку е неправедно очекувањето Турција да направи измена во законот за борба против тероризмот.

„Наместо на Турција да и се доставуваат одредени совети и препораки по прашањето на борбата против тероризмот нашите европски пријатели со бескомпромисност треба да стојат покрај Турција по ова прашање.“ - рече Ибрахим Калин.



Слични вести