Ерменскиот патријарх Арам Атешјан: Резолуцијата предизвика големо жалење кај нашиот народ

Патријархот на Ерменците во Турција Арам Атешјан испрати писмо до претседателот Ердоган во врска со усвоената резолуција за настаните од 1915 година од страна на германскиот Парламент, Бундестагот

506207
Ерменскиот патријарх Арам Атешјан: Резолуцијата предизвика големо жалење кај нашиот народ

Патријархот на Ерменците во Турција Арам Атешјан испрати писмо до претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во врска со усвоената резолуција во врска со настаните од 1915 година од страна на германскиот Парламент, Бундестагот.

Атешјан во своето писмо истакна дека не може да се прифати тоа што германскиот Парламент, Бундестагот себе си се става во улога на судија и рече: „Резолуцијата предизвика големо жалење кај нашиот народ.“

Критикувајќи ја донесената резолуција од страна на германскиот Парламент, Бундестагот, патријархот на Ерменците во Турција Арам Атешјан истакна дека Турците и Ерменците се внуци на оние кои ги доживеаја тие болни денови и рече: „Прогласувањето за виновна на цела тогашна Османлиска држава е дискутабилен факт од етички аспект.“

Атешјан во своето писмо до претседателот Ердоган подвлече дека двата древни и соседни народи не треба да се оддалечуваат еден од друг со изговори на гнев и непријателство и дека наместо да се политизира историјата треба да се работи со цел да се воспостават пријателството и мирот.



Слични вести