Во Кахраманмараш пристигнаа италијанските противвоздушни одбранбени системи

Ракетните батерии и рампи кои со помош на контејнери беа донесени по поморски пат од Италија и истоварени во пристаништето Искендерун потоа беа носени со камиони до касарната Гази во градот Кахраманмараш

505716
Во Кахраманмараш пристигнаа италијанските противвоздушни одбранбени системи

Во градот Кахраманмараш пристигнаа италијанските противвоздушни одбранбени системи кои од страна на НАТО ќе бидат распоредени на границата со Сирија против евентуални закани од териториите на оваа земја против Турција.

Ракетните батерии и рампи кои со помош на контејнери беа донесени по поморски пат од Италија и истоварени во пристаништето Искендерун потоа беа носени со камиони.   

10-те камиони натоварени со противвоздушни одбранбени системи и неопходна опрема за истите заедно и со 25 италијански војници вчера во вечерните часови пристигнаа во градот Кахраманмараш.

Италијанските противвоздушни одбранбени системи кои под строги безбедносни мерки беа донесени во касарната Гази ќе бидат поставени на местото каде што претходно беа распоредени германските противвоздушни ракетни системи Патриот.



Слични вести