„Турција одигрува стабилизаторска и централна улога против расизмот кој е во подем“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик истакна дека Турција ќе преземе значајна улога во борбата против расизмот и исламофобијата кои се во подем во Европа

504430
„Турција одигрува стабилизаторска и централна улога против расизмот кој е во подем“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик по преземањето на министерската функција за прв пат престојуваше во посета на Адана каде што на аеродромот беше дочекан со радост и овации од страна на голем број граѓани.

Осврнувајќи се на улогата на Турција во борбата против расизмот и исламофобијата кои се во подем во Европа, Омер Челик рече дека светот поминува од тежок период по прашањето на расизмот. 

Министерот за ЕУ Челик подвлече дека Турција одигрува стабилизаторска и централна улога против расизмот кој е во подем во светот, а исто така напомена дека Турција ќе обезбеди голем придонес по прашањето на борбата против расизмот во светот и Европа и дека затоа министерството за ЕУ со активностите кои што ќе ги реализира ќе одигра клучна улога по ова прашање.  

Омер Челик се осврна на своите реализирани посети и посетите кои што ќе ги реализира по прашањето на членството на Турција во ЕУ и нејзините придонеси во Европа.

„Минатата недела бев во Брисел, идната недела ќе бидам во Холандија, а потоа и во Словенија. Потоа ќе заминам за Италија. На тој начин ќе ја заокружам мојата турнеја по Европа каде што ќе разговарам во врска со сиве овие прашања.“ - рече министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик.



Слични вести