Од претседателот Ердоган до европските земји: Ќе ве оставиме насамо со вашите проблеми

Обраќајќи им се на европските земји претседателот Ердоган рече: „Турција нема да се испречува пред проблемите на Европа и ќе ве остави насамо со вашите проблеми

504181
Од претседателот Ердоган до европските земји: Ќе ве оставиме насамо со вашите проблеми

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во врска со усвоената резолуција од страна на германскиот Парламент, Бундестагот, за настаните од 1915 година истакна дека Турција нема направено ништо во своето минато од кое би се срамела и ги повика германските политичари кои ги поддржуваат таканаречените погрешни ерменски тврдења да ги отворат своите архиви.

Ердоган истакна дека Германија е последната земја која би можела да каже било што по прашањето на геноцидот во светот и напомена дека во рацете на оние кои го поставуваат на дневен ред ерменското прашање се наоѓа крвта на милиони недолжни луѓе во нивната сопствена историја.

Претседателот Ердоган рече: „Ако сте искрени Еј вие германски политичари, ви се обраќам вам! Ние ги отворивме и ги држиме отворени сите наши архиви. И вие отворете ги вашите архиви. Да се истражува и така да се одлучи. Но немате храброст за тоа, бидејќи знаете дека кога ќе се нафатите на една ваква работа ќе се засрамите.“

Обраќајќи и се и на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Пред 3 до 4 дена велеше дека ќе направиш се што е во твоја можност. Зарем она што можеше да го направиш беше да не учествуваш на гласањето во Парламентот? Доколку беше искрена ќе учествуваше. Една пратеничка гласаше против, доколку учествуваше и ти и твојот глас беше против тогаш ќе ти аплаудирав.“

Велејќи „Германија најпрвин треба повторно да го дефинира холокаустот и да го преиспита масакрот што го изврши во Намибија“, претседателот Ердоган напомена дека да се изнесува едно вакво обвинување од страна на Германија против Турција застанувајќи притоа во одбрана на бесмислените ерменски тврдења кои не располагаат со никаква историска основа како што велат и правниците не со во согласност со природниот тек на животот.

Потсетувајќи дека во Турција се наоѓаат 50 илјади Ерменци кои немаат статус на државјани, но дека Турција не ги испрати нив во нивната земја онака како што направи Европа, туку напротив Таа им ја отвори својата прегратка исто како и на сириските бегалци.

Притоа Ердоган ја предупреди Европа со следните зборови: „Или праведно ќе ги обелодените актуелните прашања или пак Турција нема да се испречува пред проблемите на Европа и ќе ве остави осамени со вашите проблеми.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека Турција нема било каков проблем со европските земји, и очекувањето на Турција го изнесе со зборовите „Бидете пристојни.“  
 



Слични вести