„Ниту една терористичка организација не може да се надборува со Турција“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека ниту една терористичка организација не може да се надборува со Турција

504148
„Ниту една терористичка организација не може да се надборува со Турција“

Премиерот Бинали Јилдирим во паркот Масал во градот Ерзинџан се состана со претставниците на граѓанските организации и во говорот што го одржа во оваа прилика истакна дека ниту една терористичка организација не може да се надборува со Турција.

Јилдирим укажа на тоа дека Турција води беспоштедна бобра против терористичките организации и особено борбата која што продолжува да се води против терористичката организација во источниот и југоисточниот дел на земјата ја окарактеризира како борба за опстанок и истакна дека тоа воедно е борба за заедништво, братство и единство.

Нагласувајќи дека ќе биде продолжена неопходната борба за ставање крај на тероризмот, премиерот Бинали Јилдирим напомена дека е скршен ’рбетот на тероризмот.

Јилдирим подвлече дека терористичката организација ПКК не се воздржува од масакрирање дури и на цивилниот народ и својата реакција ја изнесе со следните зборови: „Каков грев имаа тие наши 16 недолжни курдски граѓани во месноста Дурумлу во селото Танишик кои само се бавеа со својата работа, одеа на своите ниви за да го заработат својот леб, но притоа беа ѕверски измасакрирани. Кукавички од грб се убиваат нашите војници, полицајци и жандармерија.“

Јилдирим истакна дека кога ќе се спомене „тероризмот“ не треба да дојде на ум само сепаратистичко-терористичката организација ПКК, туку дека го има и „паралелниот тероризмот“.

„Ниту една држава апсолутно нема да дозволи и да толерира да се вгнездат во неја паралелни структури. Ќе им ја наплатиме на сите нив сметката за секоја нелегитимност и за секое незаконско делување. Зарем овој народ ќе им опрости тоа што се злоупотребени неговите верски чувства, тоа што се собрани неговите пари заработени со големи маки и голем труд и тоа што изворите кои што се обезбедени со големи маки се потрошешени за странските лоби. Никгаш нема да им опрости. Ќе ги гониме и припадниците на таа паралелна терористичка организација секаде онаму каде што бегаат.“  

Во врска со усвоената резолуција во германскиот Парламент, Бундестагот за настаните од 1915 година пак, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Тоа е историска лага. Ако сакате да дознаете што е геноцид сетете се на ерменските чети кои по Првата светска војна соработуваа со непријателот и живи ги палеа луѓето во Ерзинџан. Сетете се на оној срам на човештвото кога во 1990-сетите години беа масовно убиени дестици илјади Бошњаци само поради тоа што не беа од исто верување со оние од чија страна беа безмислоно масакрирани. Сетете се на оние кои во Хоџали за сама една ноќ измасакрираа 625 наши Азербејџански браќа. За време на Втората светска војна се убиваа меѓусебно и загинаа една третина од населението во Европа. Безмилосно убиваа. Сега се обидуваат да и одржат лекција на Турција.“



Слични вести