Калин, типичен пример на политичка неодговорност

Портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин реагираше по повод резолуцијата на германскиот парламент со која ерменските тврдења за настаните од 1915 година се оценуваат како геницод

503143
Калин, типичен пример на политичка неодговорност

Портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин во реакцијата по повод усвојувањето на резолуцијата од страна на германскиот парламент со која ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година се оценуваат како геноцид“рече дека Турција никогаш не ја негирала својата историја, но дека секако ќе реагира на сите видови на лажна пропаганда на нејзина сметка.

Одлуката на германскиот парламент не е ништо друго туку типичен пример на политичка неодговорност, рече во продолжение Калин и додаде: да се врши притисок врз Турција користејќи ги настаните од пред 101 година значи воопшто да се нема познавање како за турскиот народ така и за турската држава.

Можеби во позадината на оваа одлука лежи желбата  на Германија за да се пресмета со сопствената совест за извршениот холокауст. Резолуцијата нема апсолутно било какво значење за Турција ниту правно ниту политичко, така да најостро ја осудуваме. Да потсетам дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во 2005 година предложи формирање на мешовита експертска комисија за обелоденување на историските настани од 1915 година, но за жал не пристигна било каков одговор ниту од Ерменија ниту од бранителите на ерменските тези.

Калин на крајот рече дека резолуцијата секако дека ќе има негативни импликации врз односите меѓу двете земји, освен тоа исто така не може да се очекува од скоро 3,5 милиони Турци кои живеат во Германија да не реагираат на истата.



Слични вести