„Усвоената резолуција сериозно ќе влијае на германско-турските односи“

Од турскиот државен врв пристигнаа првите реакции против усвојувањето на резолуцијата во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 година во германскиот Парламент, Бундестагот

502801
„Усвоената резолуција сериозно ќе влијае на германско-турските односи“
yıldırım merkel telefon görüşmesi.jpg
almanya tepkiler 1.jpg
mevlüt çavuşoğlu
numan kurtulmuş.jpg
almanya tepkiler.jpg

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека усвојувањето на резолуцијата во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 година во германскиот Парламент, Бундестагот, сериозно ќе влијае на односите помеѓу двете земји.

Претседателот Ердоган кој престојува во официјална посета на Кенија, втората станица од неговата трурнеја по три источноафрикански земји напомена дека откако ќе се врати во Турција ќе направи проценка на чекорите кои што ќе бидат фрлени и дека детално ќе го разгледа прашањето со функционерите на министерството за надворешни работи.

Премиерот Бинали Јилдирим пак истакна дека по гласањето во Германија турскиот амбасадор во Берлин е повикан на консултации во Анкара.

Јилдирим подвлече дека Турција апсолутно не ја признава усвоената резолуција во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 година.

Премиерот Бинали Јилдирим рече: „Нашето минато се знае. Оваа резолуција е погрешна.“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека усвоената резолуција во германскиот Парламент е неважечка за Турција.

Куртулмуш рече: „Прифаќањето на искривоколчените и неоснованите тврдења претставува историска грешка и на секоја платформа ќе биде дадено одговор за тоа.“

Реакција на резолуцијата германскиот Парламент пристигна и од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече: „Со зацрнување на историјата на другите земји со неодговорност и неоснованост не можат да ги прикријат своите сопствени мрачни страници.“

Портпаролот на владејачката АК Партија (Партија за правда и развој АКП) Јасин Актај истакна дека со ваквиот развој им е нанесена сериозна штета на односите со Германија.

„Резолуцијата на германскиот Парламент не претставува пријателски став. Таа им нанесе сериозна штета на односите.“ - рече Јасин Актај.

Пратеникот на главната опозициона Републикнска народна партија (ЏХП) Бариш Јаркадаш усвојувањето на резолуцијата за настаните од 1915 година во германскиот федерален парламент, Бундестагот го прокоментира со зборовите: „Оваа резолуција е неважечка. Парламентите треба да се откажат од усвојување на резолуции во врска со овие видови истроиски настани.“

Од друга страна Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ја осуди резолуцијата на германскиот Парламент и се подготвува да објави заедничко соопштение против истата.

Германскиот Парламент, Бундестагот на денешното гласање со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата со која ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година се оценуваат како „геноцид“.

Внимание привлече тоа што на гласањето не учествуваше германската канцеларка Ангела Меркел која пак кусо време по гласањето изјави дека Германија располага со обемни и силни односи со Турција.

Во меѓувреме германскиот амбасадор во Анкара беше повикан во турското министерство за надворешни работи.



Слични вести