Турците во Германија сплотени против нацрт-законот за настаните од 1915 година

На протестниот митинг во германскиот главен град Берлин против нацрт-законот во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 година учествуваа илјадници Турци

502432
Турците во Германија сплотени против нацрт-законот за настаните од 1915 година

Турците кои живеат во Германија на поставувањето на нацрт-законот во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 година на дневниот ред на германскиот парламент, Бундестагот, одговорија со голем протестен митинг.

На протестниот митинг во германскиот главен град Берлин учествуваа илјадници Турци.

Митингот беше организиран од страна на Турско-германската платформа за солидарност која инаку е чадор организација на граѓанските организации во Германија и големиот број учесници се собраа на плоштадот пред историската порта Бранденбург.

На протестниот митинг освен голем број Турци учествуваа и голем број Палестинци, Египќани, Сиријци како и Азербејџанци кои живеат во Германија.

На поставената сцена пред портата Бранденбург  беа закачени транспаренти на кои пишуваше „Не за лагите за геноцид, не за гнев, да за солидарност“ и „Федералниот Парламент не е надлежен, параментите не се судови“.

Внимание привлече и тоа што големиот број учесници на протестниот митинг не беа дојдени само од Германија, туку и од соседните земји Франција и Белгија.

Учесниците во своите раце носеа турски и германски знамиња, извикуваа слогани и посакаа германскиот Парламент да не го изгласа нацрт-законот во врска се ерменските тврдења за настаните од 1915 година.

Протестниот митинг помина во празнична атмосфера и заврши со концерт.



Слични вести