Претседателот Ердоган допатува во посета на Кенија

По посетата на Уганда претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во посета на Кенија, втората станица од неговата турнеја по три источноафрикански земји

502278
Претседателот Ердоган допатува во посета на Кенија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган допатува во Кенија, втората станица од неговата турнеја по три земји од источна Африка.

Претседателот Ердоган во кенискиот главен град Најроби каде што е придржуван од страна на голем број бизнисмени денеска го очекува доста интензивна програма.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно и со својата сопруга Емине Ердоган и делегацијата во негова придружба по остварената посета на Уганда, вчера во вечерните часови пристигна во главниот град на Кенија, Најроби.

Претседателот Ердоган во Најроби најпрвин ќе постави венец на мавзолејот на првиот кениски претседател Џомо Кенјата, а потоа ќе биде пречекан со официјална церемонија во претседателскиот дворец.

Ердоган ќе оствари средба лице в лице со претседателот на Кенија Ухуру Кенјата, а потоа двајцата лидери ќе претседаваат со разговорите помеѓу делегациите на двете земји.

Во рамките на посетата ќе бидат потпишани низа договори за соработка помеѓу двете земји во различни сфери, а воедно Ердоган и Кенјата ќе одржат и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот Ердоган ќе ја посети канцеларијата на ОН во Најроби каде што ќе посади и фиданка.

Во вечерните часови пак ќе учествува на заедничкиот форум на бизнисмените на Турција и Кенија.



Слични вести