Претседателот Ердоган допатува во Уганда, првата станица од неговата турнеја по Африка

Претседателот Ердоган допатува во Уганда, првата станица од неговата турнеја во чии рамки ќе посети три источноафрикански земји

501469
Претседателот Ердоган допатува во Уганда, првата станица од неговата турнеја по Африка

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ја започна својата турнеја по Африка во чии рамки ќе посети три источноафрикански земји.

Ердоган најпрвин допатува во Уганда, првата станица од оваа негова турнеја.

Претседателот Ердоган во претседателскиот дворец ќе биде пречекан со официјална од страна на угандискиот претседател Јовери Мусевени.

Двајцата претсеадтели, Ердоган и Мусевени по средбата лице в лице ќе претседаваат со разговорите меѓу делегациите на двете земји, по што ќе се одржи церемонија на потпишување на низа договори за соработка помеѓу двете земји.

Потоа Ердоган и Мусевени ќе одржат заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува и на церемонијата на која од страна на универзитетот Макерере ќе му биде врачена титула почесен доктор, а исто така заедно со својот угандиски колега Мусевени ќе учествуваат и на  Турско-угандискиот бизнис форум.

Посетата на претседателот Ердоган на Уганда каде што ќе се состане и со бизнисмените е во својство на прва посета која што се остварува на претседателско ниво од Турција на оваа источноафриканска земја.



Слични вести