Премиерот Бинали Јилдирим во посета на Турската Република Северен Кипар

Премиерот Бинали Јилдирим допатува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) каде што најпрвин одржа средба лице в лице со претседателот Мустафа Акинџи со кого потоа одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот

502257
Премиерот Бинали Јилдирим во посета на Турската Република Северен Кипар

Премиерот Бинали Јилдирим својата прва надворешна официјална посета по преземањето на премиерската функција ја оствари на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) каде што најпрвин одржа средба лице в лице со претседателот Мустафа Акинџи со кого потоа одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Премиерот Јилдирим истакна дека Турција посакува сите нејзини пријатели да стојат покрај неја во нејзината борба против тероризмот.

Истакнувајќи дека во населеното место Нусајбин во округот Мардин од рацете на терористите беше запленета антитенковска ракета од заедничко американско-шведско производство, Бинали Јилдирим рече: „Тоа не се усогласува со сојузништвото. да се биде сојузник значи да се биде стратешки партнер, да се покажува почит кон взаемното право и взаемната правда.“

Премиерот Бинали Јилдирим продолжи со следните зборови: „ПКК е терористичка организација. Во тоа нема сомневање, тоа го прифаќаат и САД. Меѓутоа нашите пријатели делуваат бавно по прашањето дека елементите како што се ПЈД и ЈПГ се продолжеток на ПКК. Тоа покажува како ова оружје преминува во рацете на терористичката организација која посегнува по животот на недолжните луѓе и припадниците на безбедносните сили во Турција. Од друга страна зарем нашите сојузници би им доставувале помош во оружје на терористичките елементи? Се гледа дека помошните елементи на терористичката организација ова оружје го добиваат поради тоа што водат борба против тероризмот во Сирија и Ирак и истото им го даваат на терористичките групи во Турција. Ние не можеме да го прифатиме тоа и тоа е она со кое се потврдува тезата која што ние постојано ја изнесуваме.“

Премиерот Бинали Јилдирим на конференцијата за претставниците на печатот се осврна и на врската помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција во врска со што рече: „Врските или односите помеѓу Северен Кипар и Турција не се врски или односи на корист. Овие врски или односи се Северен Кипар да биде подготвен на силен начин економски и политички на неговиот пат кон иднината и целосно да бидат обезбедени неговите подготовки за формирање на федеративна структура во која во евентуалното решение двете страни ќе бидат претставени на рамноправе и праведен начин. Во тој контекст ние сме во солидарност во секоја сфера и го споделуваме искуството.“ 

Премиерот Бинали Јилдирим во врска со Кипарските преговори привлече внимание дека бавењето со формални прашањаќе го отежне постигнувањето на трајно и праведно решение на поделениот остров. 



Слични вести