„Операциите ќе продолжат се додека не престане тероризмот“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека операциите во источните и југоисточнте делови на земјата ќе продолжат се додека не престане тероризмот и тероризмот ќе биде кренат од дневниот ред на земјата

501532
„Операциите ќе продолжат се додека не престане тероризмот“

Премиерот Бинали Јилдирим вчера во Измир се состана со претставниците на граѓанските организации и во говорот што го одржа во оваа прилика истакна дека операциите во источните и југоисточните делови на земјата ќе продолжат се додека не престане тероризмот.

Јилдирим нагласи дека тероризмот ќе биде кренат од дневниот ред на земјата.

Нагласувајќи дека за стопирање на операциите против тероризмот треба да бидат исполнети 3 услови, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Тогаш кога оваа крвава терористичка организација се откаже од безмилосно убивање на цивилите, старите и младите, тогаш кога ќе се откаже да го впери оружјето и да убива војници, припадници на полицијата и жандармеријата и селски чувари, како и тогаш кога секаде на анадолските територии нашите граѓани ќе можат да живеат во спокојство и безбедност ќе завршат и овие операции. Решението е терористичката организација да си оди и да престане да стои помеѓу народот и државата.“ 

Осврнувајќи се и на проектите во врска со градот Измир, премиерот Јилдирим подвлече дека до 2019 година ќе биде ставен во употреба брзиот воз за градот и напомена дека инвестициите кои што ќе бидат реализирани во Измир во сферата на сообраќајот и транспортот ќе изнесуваат повеќе од годишниот бруто домашен производ дури и на 53 земји.



Слични вести