Од министерот за ЕУ Омер Челик до Брисел: Безбедноста е предуслов на демократијата и просперитетот

Министерот за ЕУ Омер Челик истакна дека Турција дури и во најтешки услови не направи отстапка од рамнотежата меѓу слободата и безбедноста и рече дека безбедноста е предуслов на демократијата и просперитетот

502252
Од министерот за ЕУ Омер Челик до Брисел: Безбедноста е предуслов на демократијата и просперитетот

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик одржа конференција за претставниците на печатот на која направи проценка на своите средби и разговори во Брисел и притоа истакна дека визната либерализација за турските граѓани и договорот за реадмисија се пакет  и дека не можат да се оценат одделно еден од друг.

Министерот Челик рече дека Турција е подложена на сериозни терористички напади и дека нема да биде реално да се очекува во овие услови да биде направена измена во законот за борба против тероризмот.

Велејќи дека Турција дури и во најтешки услови не направи отстапка од рамнотежата меѓу слободата и безбедноста, министерот Омер Челик рече: „Доколку Велика Британија, Германија или Франција граничеа со Сирија какви мерки ќе преземаа? Треба да се знае дека мерките кои што ги преземаме по прашањето на тероризмот се во правец на животната и имотната заштита на нашите цивилни граѓани. Безбедноста е предуслов на демократијата и просперитетот.“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик подвлече дека врската меѓу Турција и ЕУ не е конкурентна врска и рече: „Се фрлени мошне сериозни чекори во реализацијата на реформите на патот кон полноправно членство. Не постои било како проблем во нашата волја за реформи.“



Слични вести