Повик од Турција до француските безбедносни сили и демонстрантите за воздржаност

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Танжу Билгич побара од француските безбедносни сили да не се употребува непропорционална сила против демонстрантите и ги повика страните на воздржаност

500352
Повик од Турција  до француските безбедносни сили и демонстрантите за воздржаност

Во период додека продолжуваат протестите и штрајковите во Франција, Турција достави предупредување до француските власти и демонстрантите за воздржаност.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Танжу Билгич побара од француските власти да не се употребува непропорционална сила против демонстрантите.

Привлекувајќи внимание дека настаните во Франција постепено добиваат се поголем интензитет, Билгич рече. „Ние веруваме дека кај демократиите има потреба од дијалог и ги повикуваме на воздржаност француските власти и учесниците на протестите за смирување на немирите во најскоро време.“  

Портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич истакна дека се чувствува загриженост и од интервенциите на француските безбедносни сили кои стануваат се поостри против демонстрантите.

Билгич ги повика француските функционери на воздржаност од употреба на непропорционална сила против демонстрантите.



Слични вести