„Парламентите немаат право на збор за случувањата во врска со настаните од 1915 година“

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш осврнувајќи се на најавите за гласање во германскиот Парламент во врска со ерменските тврдења рече дека парламентите немаат право на збор за случувањата во врска со настаните од 1915 година

500661
„Парламентите немаат право на збор за случувањата во врска со настаните од 1915 година“

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш по состанокот на Владата изјави дека парламентите немаат право на збор за случувањата во врска со настаните од 1915 година.

Осврнувајќи се на најавите за гласање во германскиот Парламент во врска со ерменските тврдења, Нуман Куртулмуш рече: „Правото на збор  околу толкувањето на настаните од 1915 година, како се одвивале овие настани и утврдувањето на тоа поради кои причини дошло до овие настани не е задача на парламентите. Никој нема да го уважи она што ќе го каже одреден парламент по ова прашање. Парламентите не се задолжени да ги пребруваат старите белешки и повторно да ги изнесат пред нас некои валкани пресметки од минатото.“ 

Нуман Куртулмуш истакна дека на состанокот на Владата било поставено на дневен ред и поправката на срушените згради поради терористичките напади во населените места како што се Сур, Силопи, Џизре, Идил и Јуксекова.

Нагласувајќи го и тоа дека Паралелната државна структура е окарактеризирана како терористичка организација, Куртулмуш потсети дека и главната рамка на борбата против паралелната структура во иднина е определена во склопот на борбата против терористичките организации.

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш даде значајни изјави и по прашањето на визната либерализација која им е ветена од страна на ЕУ на турските граѓани.

„Би сакал да го кажам тоа дека не можеме да ги разбереме и не можеме да ги прифатиме ставот и начинот на однесување на некои политичари од Европа кои во точката кога Турција е блиску до визна либерализација се обидуваат да го одложат па дури и да го прекинат овој процес, омаловажувајќи ја притоа и сериозноста на Турција.“ - рече Куртулмуш.



Слични вести