Турција чувствува голема загриженост од нивото на кое се искачи расизмот во Европа

Во соопштението на МНР уште еднаш беше подвлечено на загриженоста од подемот на нивото на расизмот, непријателството кон странците (ксенофобијата) и исламот

499769
Турција чувствува голема загриженост од нивото на кое се искачи расизмот во Европа

Министерството за надворешни работи (МНР) во писменото соопштение по повод 23-та годишнина од масакрот во Золинген истакна дека со помен и чест се сеќаваме на петте Турци кои загинаа во нападот на група расисти кои на 29 мај 1993 година, во германскиот град Золинген им ги запалија домовите.

Во соопштението уште еднаш беше подвлечено на загриженоста од подемот на нивото на расизмот, непријателството кон странците (ксенофобијата) и исламот во последно време во Европа, поради што беше изразена надеж да не дојде до повторно доживување на овие тажни настани.

Во тие рамки, политичарите, сите угледни личности кои сноста одговорност за јавниот ред и мир како и спокојството на земјата, ги повикуваме да упатат пораки за братство и единство, кои ќе ги обединат луѓето, а не да водат сепаративни реторики кои ќе го зголемат општественото неспокојство.



Слични вести