Претстојниот период ќе биде пресвртница во историјата на Турција

Народот нема да се согласи повторно да биде изложен на нови маки и тага

499355
Претстојниот период ќе биде пресвртница во историјата на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека претстојниот период ќе биде пресвртница во историјата на Турција.

Во говорот што го одржа на свеченото доделување натитулата почесен доктор на науки од страна на универзитетот Ахи Ерван во Киршехир, претседателот Ердоган се осврна на борбата за стекнување со поголеми демократски права во Турција во неодамнешното минато. Сите треба да разберат и сфатат дека никој не може да постигне резултати со обидот за воспитување на турскиот народ преку крвопролевање, уличарење, капитал па дури и тероризам.

Народот нема да се согласи повторно да биде изложен на нови маки и тага.

Не дозволивме и нема да дозволиме младите да бидат искористени како кукли во остварувањето на желбата на средините за стекнување со власт. Нема да премолчиме пред обидите на политичките вампири и крвопијци кои сакаат да ги искористат нашите деца, а претставуваат гаранција за остварување на идеалот Голема Турција, да загинат непотребно.

Во програмата на новата Влада беше внесен и членот за гласање и избирање на младите на над 18 годишна возраст, потсети претседателот Ердоган и истакна дека тоа е многу значајна можност од аспект на иднината на младите.

Активностите за новиот устав и претседателскиот систем исто така се најдоа на дневниот ред на говорот на претседателот Ердоган.

Оваа земја и нација се надеваме дека ќе успее да изнајде сили да го направи својот устав и има компетентност и самодоверба да го определи новиот раководен систем, рече Ердоган.

Нашата демократија се искачи на ниво да можеме слободно да говориме за претседателскиот систем и сите други дискусии. Воопшто не се сомневам. Верувам дека претстојниот период ќе биде пресвртница во историјата на земјата и народот, рече Ердоган.



Слични вести