Народот не може да  толерира исплата на пратениците кои им носат оружје на терористите

Ако не ги фрлиме потребните чекори на тоа поле, тогаш ќе дојде ден кога народот ќе побара сметка

499143
Народот не може да  толерира исплата на пратениците кои им носат оружје на терористите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека народот не може да  толерира исплата на плата на пратениците кои им носат оружје на терористите.

Ердоган во Киршехор учествуваше на одбележувањето на Неделата на Ахиите.

Во говорот што го одржа во оваа прилика претседателот Ердоган се осврна на укинувањето на имунитетите на пратениците против кои е поднесена тужба и предлог за укинување на пратеинчкиот имунитет во Големото национално собрание.

Ердоган рече дека ако не ги фрлиме потребните чекори на тоа поле, тогаш ќе дојде ден кога народот ќе побара сметка. Затоа ќе го фрлиме овој чекор.

Ердоган потсети дека во последно време терористиччката организација почна да пропаѓа и дека теористите имсе предаваат на безбедносните сили. Овие лица треба да бидат пример за останатите измамени млади во организацијата. Република Турција покажа каков срдечен однос има дури и кон оние кои пукаа врз неа и сите оние коишто им се предадоа на безбедносните сили. Нашето верување и традиции го наложуваат тоа, рече Ердоган.



Слични вести