Американските војници во Сирија нека ги носат обележјата и на другите терористички организации

Ова не е ништо друго освен двоен стандард и лицемерие

Американските војници во Сирија нека ги носат обележјата и на другите терористички организации

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу предложи американските војници во Сирија да ги носат обележјата и на другите терористички организации освен на ПЈД.

Во врска со операцијата за спасување на Рака од терористичката организација ДЕАШ, министерот Чавушоглу остро го критикуваше носењето на американските војници на наводните обележја на терористичката организација ПЈД.

Во изјавата за печатот во Анталија, министерот Чавушоглу рече дека нашиот одговор на сите оние кои што оваа организација не ја сметаат исто што е и ЈПГ е: ова не е ништо друго освен двоен стандард и лицемерие.

Министерот Чавушоглу потсети на изјавите на американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Џон Кери кои истакнаа дека ЈПГ и ПЈД се недоверливи организации и дека САД е на страната на Турција во борбата против тероризмот и додаде:

По овие изјави ќе излезете и ќе ги носите обележјата на терористичката организација која е одговорна за двата последни напади во Анкара. Изговорот ќе биде дека наводно ги носеле поради сопствена безбедност. Тогаш им препорачуваме, кога ќе заминат во другите делови на Сирија да ги користат обележјата на ДАЕШ, Ал Нусра, Ал каида, а кога ќе заминат во Африка да ги користат обележјата на Боко Харам.

Министерот чавушоглу подвлече дека е неприфатливо користењето на обележјата на една терористичка организација од страна на војниците на една земја сојузничка која тврди дека води беспоштедна борба против тероризмот.



Слични вести