Во експлозијата на мината во Чалдиран кај Ван загинаа 6 војници

Во операциите во Бинѓол загинаа 3 терористи

Во експлозијата на мината во Чалдиран кај Ван загинаа 6 војници

Во експлозијата на мината која претходно беше поставена на патот во Чалдиран кај Ван, а која беше активирана за време на преминот на едно оклопно возило, загинаа 6, а 2 војници беа повредени.

Според соопштението објавено од страна на Генералштабот, експлозијата се случи за време на преминот на оклопното возило околу 17 часот по добивањето на информацијата дека припадниците на терористичката организација го спречиле сообраќајот на патот меѓу Чалдиран кај Ван и Догубејазит кај Агри и запалиле 10 камиони.

Повредените беа префрлени на хоспитализација во болница.

Во подрачјето беа испратени офанзивни хеликоптери, извиднички авиони, како и копнена и воздушна поддршка и продолжува операцијата за уништување на терористите.

Терористите кои не застанаа на предупредувањето на безбедносните сили во Силопи кај Ширнак сакаа да фрлат бомба.

По експлозијата на бомбата во возилото загинаа 3 терористи од кои 2 беа жени.

Во претресот на возилата по експлозијата беше пронајдена една пушка, 1 револвер и 2 рачни бомби.

Во операциите во Бинѓол загинаа 3 терористи.

Еден од терористите беше Абидин Бајрам за кого има потерница со награда од 300 илјади турски лири кој се наоѓа на сивата листа на барани.



Слични вести