Ердоган остро им се спротивстави на европските земји во врска со договорот за реадмисија

Ако не се постигнат бараните резултати на овие средби, тогаш турскиот парламент нема да ги усвои потребните одредби и закони на патот за спроведувањето на договорот за реадмисија

Ердоган остро им се спротивстави на европските земји во врска со договорот за реадмисија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро им се спротивстави на европските земји во врска со договорот за реадмисија.

Во рамките на Светскиот хуманитарен самит, претседателот Ердоган одржа заедничка прес-конференција со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун.

Ердоган остро реагираше на доцнењето на поддршката на ЕУ која и ја вети на Турција и рече:

Турција не очекува милост. Тоа можам отворено да го кажам. Ние очекуваме чесност.

Претседателот Ердоган остро реагираше на критериумите како што е наметнување законски промени за возврат на визната либерализација, поради што рече:

Доколку и натаму продолжувате да поставувате критериуми на Турција, тогаш извинете. Тоа можеме да го издржиме до одредена мера. Потоа Турција ќе ја донесе конечната одлука. По донесувањето на конечната одлука, тогаш ќе ви речеме: за последиците размислете самите.

Во врска со наметнувањето на критериумите од страна на ЕУ, претседателот Ердоган рече дека турските министри ќе одржат средби со надлежните претставници на ЕУ.

Ако не се постигнат бараните резултати на овие средби, тогаш турскиот парламент нема да ги усвои потребните одредби и закони на патот за спроведувањето на договорот за реадмисија. ЕУ не може по желба и кога сака да ни наметнува некои дополнителни критериуми. Ова е Турција, рече претседателот Ердоган.

Ердоган се надоврза и на двојниот стандард што се применува во врска со визната либерализација и рече:

Зарем ЕУ бара виза од граѓаните на латинска Америка? Тие слободно можат да дојдат и влезат во европските земји, тогаш зошто барате виза од Турција.



Слични вести