Во рамките на досегашните операции против терористичката ПКК загинаа 7078 терористи

Од 24 јули 2015 година наваму во операциите во земјава загинаа 2 583 терористи

Во рамките на досегашните операции против терористичката ПКК загинаа 7078 терористи

Во рамките на досегашните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во последните 10 месеци вклучувајќи ги и оние на северот на Ирак загинаа 7078 терористи.

Од 24 јули 2015 година наваму во операциите во земјава загинаа 2 583, а 109 терористи беа фатени повредени. Бројот на терористите кои беа фатени живи изнесува 731, додека 214 терористи самите им се предадоа на безбедносните сили.

Во воздушните операции на северот на Ирак во 2015 година, загинаа 1335 терористи, 310 терористи беа повредени. Во 2016 година загинаа 1031 терорист, а 328 терористи беа повредени. Бројот на терористите во странство во истиот период кои што самите им се предадоа на безбедносните сили изнесува 437.

Во изминатите 10 месеци загинаа 296 војници, 178 полицајци, 9 владини селски чувари, вкупно 483 припадници на безбедносните сили. Во операциите беа повредени 1568 војници, 1257 полицајци, 34 владини селски чувари, вкупно 2 859 припадници на безбедносните сили.



Слични вести