Се формира новата 65-та Влада на Турција

По добивањето на ратификацијата од претседателот Ердоган,  Јилдирим ќе го објави списокот на новата влада

Се формира новата 65-та Влада на Турција

Претседателот на Партијата за правда и развој (АКП) Бинали Јилдирим кој од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше именуван за мандатор за формирањето на новата влада, синоќа до доцните часови работеше во седиштето на партијата.

Откако се врати од Истанбул во Анкара, претседателот Ердоган синоќа во претседателскиот дворец го прими Бинали Јилдирим.

Средбата Ердоган – Јилдирим започна во 01.25 по турско време и траеше околу 2 часа.. По средбата Јилдирим го напушти претседателскиот дворец.

Денес во 10.30 Бинали Јилдирим повторно ќе го посети претседателот Ердоган.

По добивањето на ратификацијата од претседателот Ердоган,  Јилдирим ќе го објави списокот на новата влада.



Слични вести