Определен составот на новата 65-та Влада на Турција

Претседателот Ердоган го одобри составот на 65-та влада на Турција на чело со претседателот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Бинали Јилдирим

496729
Определен составот на новата 65-та Влада на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го одобри составот на 65-та влада на Турција на чело со претседателот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Бинали Јилдирим.

Според новиот состав на владата, потпретсеатели на Владата се Нуман Куртулмуш, Нуретин Џаникли, Тугрул Туркеш, Мехмет Шимшек и Вејсел Кајнак.

Во новиот кабинет, министер за евроинтеграции и главен преговарач ќе биде Омер Челик, а министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ќе продолжи со функцијата.

Единствена жена министерка во новата влада е Фатма Бетул Сајан која беше именувана за министерка за семејни и социјални политики.

Два дена по читањето на програмата на новата влада на седницата на генералното заседание на Големото национално собрание на Турција и добивањето на довербата, ќе започне со работа.



Слични вести