Ердоган приреди свечена вечера во чест на претседателите на учесниците на самитот

На влезот во салата претседателот Ердоган фрли потпис на семејната слика на учесниците на Светскиот хуманитарен самит.

Ердоган приреди свечена вечера во чест на претседателите на учесниците на самитот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган приреди свечена вечера во чест на претседателите на делегациите на земјите учеснички на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул што се одржа под покровителство на ОН.

Гостите во салата за големи аукции на сарајот Долмабахче пред вечерата беа пречекани од страна на министерот за надворешни односи Мевљут Чавушоглу и сопругата Хулја Чавушоглу.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и сопругата Емине Ердоган во салата влегоа во придружба на државниот марш кој беше интониран од страна на воениот оркестар Мехтеран.

На влезот во салата претседателот Ердоган фрли потпис на семејната слика на учесниците на Светскиот хуманитарен самит.

Сликата ја потпишаа и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, азербејџанскиот претседател Илхам АЛијев и палестинскиот претседател Махмут Абас како и другите.

По еден примерок од сликата ќе им се испрати на претседателите на делегациите на земјите учеснички на самитот.

Претседателот Ердоган и сопругата Емине Ердоган се ракуваа и разговараа со сите гости.



Слични вести