Истанбул денеска и утре домаќин на Светскиот хуманитарен самит

Поздравниот говор на Светскиот хуманитарен самит кој ќе се одржи денеска и утре во Истанбул ќе го одржат претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун

Истанбул денеска и утре домаќин на Светскиот хуманитарен самит

Денеска во Истанбул започнува Светскиот хуманитарен самит кој за прв пат се одржува во Турција и со кој се има за цел да се изнајдат патишта за решение за присутните проблеми во сферата на хуманитарната помош.

На Светскиот хуманитарен самит во Истанбул се состануваат приближно 60 шефови на држави и премиери како и голем број значајни гости од 120 земји во светот.

На самитот кој се одржува на иницијатива на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и во организација на Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања при ОН (UNOCHA) се има за цел да се изнајдат патишта за решение за присутните проблеми во сферата на хумaнитарната помош. 

Поздравниот говор на Светскиот хуманитарен самит ќе го одржат претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Во рамките на самитот во текот на два дена ќе се одржат седници на кои светските лидери ќе ги прогласат своите ставови и погледи во правец на унапредување на документот на Хуманитарната агенда, а исто така ќе се одржат и состаноци на тркалезната маса на високо ниво на кои лидерите ќе можат да ги изнесат своите силни ветувања во правец на решавање на проблемите со кои се соочува светот во контекст на хуманитарните кризи.

На тој начин во текот на два дена, денеска и утре, во рамките на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул ќе се одржат 7 состаноци на тркалезната маса, 15 специјални седници и 120 придружни седници.

На самитот на кој  се има за цел да бидат определени стратегии за хуманитарна помош и ефикасни политики пред итни состојби исто така Турција ќе ги сподели со претставниците на земјите учеснички на самитот своите способности по прашањата на доставување на итна хуманитарна помош.

 



Слични вести