Cветот има потреба од решителен, експедитивен, транспарентен Совет за безбедност

Ердоган говореше на тркалезната маса на тема „ Политичко лидерство за спречување и стопирање на воените судири“,што се приреди во рамките на првиот самит на хуманоста во Истанбул

496259
Cветот има потреба од  решителен, експедитивен, транспарентен Совет за безбедност

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во обраќањето пред присутните и гостите на Самитот на хуманоста рече светот има потреба од  решителен, експедитивен, транспарентен Совет за безбедност. Турција во секоја прилика и на сите нивоа ја истакнува оваа потреба, рече Ердоган и продолжи: Секогаш тврдиме дека светот е поголем од  најголемите 5 земји. Не може да се замисли судбината на целиот свет да им се препушти токму на овие 5 земји.

Ердоган говореше на тркалезната маса на тема „ Политичко лидерство за спречување и стопирање на воените судири“,што се приреди во рамките на првиот самит на хуманоста во Истанбул.

Ставајќи го акцентот на основната причина за формирањето на Организацијата на Обединетите Нации пред 70 години, претседателот Ердоган рече: Кога ќе се фрли поглед на 70 годишната историја на Организацијата на Обединетите Нации ќе се види дека токму тука лежи најголемиот неуспех на светското семејство на народите. А тука најголема одговорност му припаѓа на Советот за безбедност.

Тоа беше евидентно за време на 6 годишната граѓанска војна во Сирија. Понекогаш сосема неодговорно се користи правото на вето на членките на Советот за безбедност, а цената за тоа го плаќаат невините, цивилите,жените и децата. Ете токму тука секој треба да биде свесен за сопствената одговорност и да постапува според совеста.



Слични вести