„Турскиот народ не сака да ги види во своето собрание оние кои се предавници на овој народ“

Претседателот Ердоган истакна дека турскиот народ не сака да ги види во своето собрание оние кои се предавници на овој народ и подвлече дека понатамошниот процес е работа на судството

495242
„Турскиот народ не сака да ги види во своето собрание оние кои се предавници на овој народ“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера во населеното место Јусуфели во Артвин им се обрати на насобраните граѓани и притоа истакна дека борбата против тероризмот кога тогаш ќе заврши со победа.

Осврнувајќи се на усвоениот предлог во собранието за измена во Уставот во врска со пратеничкиот имунитет, претседателот Ердоган рече дека во однос на пратеничкиот имунитет се оствари она што го бараше народот.

Ердоган нагласи дека турскиот народ не сака да ги види во своето собрание оние кои се предавници на овој народ и подвлече дека понатамошниот процес е работа на судството.

Осврнувајќи се и на пратениците кои го поддржуваат тероризмот, претседателот Ердоган рече: „Оние кои носеа оружје во своите возила и во мртовечки ковчези сега почнаа да бегаат од Турција. Зошто бегате?“ 

Во врска со паралелната државна структура пак претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Паралелната државна структура сега стои рамо до рамо со сепаратистичко-терористичката организација. Ние никако нема да скршнеме од единствената држава. Нема ниту да направиме отстапка и оние кои имаат претензии кон овие територии сметката за тоа ја плаќаат и ќе продолжат да ја плаќаат многу скапо.“ 

 



Слични вести