Реакција против тероризмот од племенските заедници во југоисточниот дел на земјата

На средбата што се одржа во организација на племенската заедница Мирдеси освен од градот Адијаман учествуваа поканети гости претставници на племенски заедници и од градовите како што се Шанлиурфа, Дијарбакир и Елазиг

495436
Реакција против тероризмот од племенските заедници во југоисточниот дел на земјата

Претставниците на племенските заедници во југоисточниот дел на земјата кои се состанаа во населеното место Ќахта во градот Адијаман ја изнесоа својата вознемиреност од терористичките настани во подрачјето.

На средбата што се одржа во организација на племенската заедница Мирдеси освен од градот Адијаман учествуваа поканети гости претставници на племенски заедници и од градовите како што се Шанлиурфа, Дијарбакир и Елазиг.

Сирри Ердем, претставникот на племенската заедница Мирдеси, укажа на вознемиреноста од терористичките настани кои што се случуваат во југоисточниот дел на земјата и се наоѓаат на дневниот ред на Турција и притоа рече дека тоа претставува игра на надворешните сили.

Сирри Ердем нагласи дека со секој поминат ден треба да се зајакне врската помеѓу Курдите и Турците и напомена дека не треба целата одговорност по ова прашање да и се остави на државата.

Ердем рече: „Сите 78 милиони треба да бидат чувствителни по ова прашање. Треба да и помогнат на државата и секој треба да го изнесе својот поглед. Секој треба да ги изнесе својата реакција и својот став против тероризмот.“

Претставникот на племенската заедница Буџак, Ахмет Буџак пак истакна дека што поскоро треба да се стави крај на случувањата и додаде дека народот во подрачјето има потреба од спокојство.



Слични вести