Протести на 152-годишнината од протерувањето на Черкезите од Кавказ од страна на Русија

Во 1864 година приближно 2 милиони Черкези беа насилно протерани од страна на Русите од нивните родни места во Кавказ и за време на оваа насилно депортирање животот го загубија приближно 500 илјади луѓе

495494
Протести на 152-годишнината од протерувањето на Черкезите од Кавказ од страна на Русија

Во Анкара и Истанбул вчера беа одржани протести на 152-годишнината од насилното протерување на Черкезите од страна на Русите од Кавказ.

Во 1864 година приближно 2 милиони Черкези беа насилно протерани од страна на Русите од нивните родни места во Кавказ и за време на оваа насилно депортирање животот го загубија приближно 500 илјади луѓе.

Адреса на протестите во Анкара беше руската амбасада.

Групата демонстранти кои се собраа пред амбасадата во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Небараме одмазда, туку правда“, „Црното Море ни е најцрно нам“, односно ние се соочивме со најголемиот зулум во Црноморскиот регион.

На протестите во Истанбул пак членовите на Федерацијата на Черкезките здруженија со факели во рацете се собраа на улицата Истиклал и маршираа до Генералниот конзулат на Русија.

За време на протестите демонстрантите извикуваа слогани против Русија, читаа молитви и им оддадоа почит на своите сонародници кои го загубиле животот за време на насилното протерување.

Учесниците на протестите бараа насилното протерување и геноцидот кои што биле применувани против Черкезите да бидат признати во целиот свет.

Освен тоа учесниците на протестите пееја и тажалки на черкезки јазик од годините на насилното протерување.

На крајот на протестите беше оставен црн венец пред Генералниот конзулат на Руската Федерација.



Слични вести