Претседателот Ердоган го назначи Бинали Јилдирим за мантадор за составување на нова влада

Новоизбраниот претседател на владејачката АК Партија Бинали Јилдирим веднаш по изборот го доби и мандатот од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за формирање нова влада

495702
Претседателот Ердоган го назначи Бинали Јилдирим за мантадор за составување на нова влада

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган му го додели на новоизбраниот претседател на АК Партијата Бинали Јилдирим мандатот за формирање на новата 65-та влада.

Новата влада која што ќе биде формирана под претседателство на Бинали Јилдирим ќе стапи на должност по гласањето за доверба  што ќе се одржи два дена по читањето на владината програма пред собранието.

Во меѓувреме и досегашниот премиер на 64-тата влада Ахмет Давутоглу денеска му ја врачи на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата оставка од функцијата премиер. 



Слични вести