Главниот советник на претседателот Ердоган, Јалчин Топчу во посета на Босна и Херцеговина

Главниот советник на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Јалчин Топчу, во говорот што го одржа на состанокот на тема „Турското присуство на Балканот“ нагласи дека земјите имаат свои граници, но дека хоризонтите на срцата немаат граници

495273
Главниот советник на претседателот Ердоган, Јалчин Топчу во посета на Босна и Херцеговина

Главниот советник на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Јалчин Топчу по повод состанокот на тема „Турското присуство на Блаканот“ во организација на Здружението на бизнисмените на Турција и Босна и Херцеговина отпатува во посета на Сараево.

Топчу најпрвин го посети гробот на легендарниот босански лидер Алија Изетбеговиќ, а потоа ги посети и Меѓународниот универзитет во Сараево формиран од страна на турски добротворни бизнисмени и претставнштвото на Турската радио-телевизија ТРТ во Сараево.

Топчу одговори на тврдењата на некои медиумски органи околу тоа дека промената на Владата во Турција ги вовлекува во неизвесност политиките на Турција на Балканот.

Јалчин Топчу рече дека политиката на Турција кон Балканот не е поврзана за поединци.

Топчу исто така истакна дека Турската радио-телевизија ТРТ со иницијативите кои што ги презема во последните години го зголемува уште повеќе своето влијание во светот.

Во говорот што го одржа на состанокот на тема „Турското присуство на Балканот“ главниот советник на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Јалчин Топчу нагласи дека земјите имаат свои граници, но дека хоризонтите на срцата немаат граници. 

Топчу освен тоа привлече внимание дека бизнисмените на двете земји треба да ја развијат уште повеќе меѓусебната соработка и да бидат зголемени турските инвестирања за развојот на Босна и Херцеговина.



Слични вести