Бинали Јилдирим со освоени 1.405 гласа избран за претседател на АК Партијата

На Вториот Вонреден Голем Конгрес на АК Партијата Бинали Јилдирим со освоени 1.405 гласа е избран за нов претседател на партијата

495617
Бинали Јилдирим со освоени 1.405 гласа избран за претседател на АК Партијата

На Вториот Вонреден Голем Конгрес на АК Партијата за нов претседател на партијата е избран пратеникот од Измир  и досегашен министер за транспорт, поморство и комуникација Бинали Јилдирим.

Бинали Јилдирим учествуваше како единствен кандидат за нов претседател на АК Партијата која 14 години како е на власт во земјата.

На гласањето од вкупно 1.470 делегати гласаа 1.411 делегати од кои Бинали Јилдирим доби 1.405 гласа, а 6 гласа беа неважечки.

На тој начин по првиот претседател на АК Партијата (Партијата за правда и развој АКП) и актуелен претседател на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и вториот претседател на партијата Ахмет Давутоглу, трет по ред претседател на АК Партијата стана  пратеникот од Измир  и досегашен министер за транспорт, поморство и комуникација Бинали Јилдирим.



Слични вести