Предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет беше усвоен со 376 гласови

Во претстојниот процес 667 жалби за 138 пратеници директно ќе бидат изнесени пред суд

494805
Предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет беше усвоен со 376 гласови

Предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет беше усвоен од страна на Големото национално собрание без да се оди на референдум.

На седницата на генералното заседание на Големото национално собрание, предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет беше усвоен со 376 гласови, додека 138 ратеници гласаа против.

На првиот круг на гласањето за првиот член на предлогот за уставни измени 350 пратеници гласаа за, додека на вториот круг гласаа 374 пратеници.

По усвојувањето и на вториот член со 374 гласови за, се премина кон гласање за целиот предлог.

По изгласувањето на предлогот за укинување на пратеничкиот имунитет со 376 гласови, истиот беше усвоен од страна на Големото национално собрание без да се оди на референдум.

Според усвоенот предлог, во претстојниот процес 667 жалби за 138 пратеници директно ќе бидат изнесени пред суд.

Најголем број предмети има Демократската партија на народите и изнесува 405.

Голем број предмети против пратениците на Демократската партија на народите (ХДП), како шшто се копретседателите Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг и голем број пратеници се доставени до ракоодството на Големото национално собрание на Турција.



Слични вести