Турските вооружени сили продолжуваат со операциите против тероризмот

Во операциите во Нусајбин кај Мардин загинаа 6, во Ширнак 2, вкупно 8 терористи

494657
Турските вооружени сили продолжуваат со операциите против тероризмот

Турските вооружени сили продолжуваат да нанесуваат тешки удари на терористичката организација ПКК.

Според писменото соопштение објавено од страна на Генералштабот, во операциите против тероризмот, во Нусајбин кај Мардин загинаа 6, во Ширнак 2, вкупно 8 терористи.

Во рамките на досегашните операции во Нусајбин загинаа 2394, во Ширнак 40, вкупно 798 терористи.

Турските вооружени сили меѓудругото извршија воздушни напади со борбените авиони од типот Ф-16 на позициите на терористичката организација ПКК во подрачјата Зап, Авашин, Басјан и Гара на северот на Ирак.

Во рамките на бомбардирањето на засолништата на терористите беа уништени складишта за оружје, простори за засолнување и 3 дочка (вид артилериско оружје) позиции.

Во рамките на вчерашната 45 минутна воздушна операција на турските борбени авиони на позициите на терористичката организација на планината Кандил беа уништени вооружените позиции на ПКК.

По успешната операција, борбените авиони Ф-16 и Ф-4 безбедно се вратија во базата.

Од друга страна пак во рамките на операцијата на екипите за борба против тероризмот на една куќа во Газиантеп, терористот Јунус Дурмаз кој се прогласил за одговорен раководител на ДЕАШ за Турција, го активираше експлозивот на себе и се самоуби.

Во операцијата беше фатен еден терорист.



Слични вести