Ердоган и Обама разговарале за ситуацијата во Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган водел телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама, соопшти Белата Куќа

493792
Ердоган и Обама разговарале за ситуацијата во Сирија

Во разговорот кој што траел 1 час и 10 минути станало збор за актуелната ситуација во Сирија, за начините за слабеење и пораз на терористичката организација ДЕАШ, како да се победи и да се елиминира капацитетот на терористички напади во Европа, Турција и останатите региони во светот во кои дејствуваат.

Ердоган и Обама разговарале за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Сирија и за меѓународната соработка во напредувањето на патот за изнаоѓање на политичко решение. Била истакната и потребата од зајакнување на соработката во борбата против терористичките организации, меѓу кои спаѓа и ПКК.

Претседателот на САД Обама истакнал дека за НАТО е важна безбедноста на Турција како нивен сојузник.

 



Слични вести