Ердоган го потпиша законот кој е првиот чекор за визна либерализација со ЕУ

Овој закон се наоѓа меѓу низата регулативи кои што се однесуваат на визната либерализација меѓу Турција и Европската унија

493969
Ердоган го потпиша законот кој е првиот чекор за визна либерализација со ЕУ

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го потпиша законот со кој се оверува предлог законот поднесен од страна на заедничкиот комитет за реадмисија меѓу Турција и Европската унија кој беше формиран согласно договорот за реадмисија на лицата кои неовластено престојуваат во Турција или една од Земјите на Европската заедница, постигнат меѓу Турција и Унијата.

Овој закон се наоѓа меѓу низата регулативи кои што се однесуваат на визната либерализација меѓу Турција и Европската унија.

Законот за кој што станува збор е подготвен согласно договорот за реадмисија меѓу Турција и ЕУ кој беше потпишан на 16 декември 2013 година а кој што стапи во сила на 1 октомври 2014 година.



Слични вести