Предлогот за уставни измени за укинување на пратеничкиот имунитет усвоен со 348 гласови
Вториот член на предлог уставните измени беше усвоен со 357 гласови.

Предлогот за уставни измени во врска со укинувањето на пратеничкиот имунитет на пратениците против кои е покрената кривична постапка на седницата на Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција беше усвоен со 348 гласови.
На тајното гласање учествуваа 536 пратеници. 155 пратеници гласаа против, 8 беа воздржани, а 25 гласачки ливчиња беа празни.
На гласањето што се одржа потоа, предложениот 1 член во рамките на уставните измени беше усвоен со 350 гласови. 148 пратеници гласаа против, а 27 гласачки ливчиња беа празни. 1 гласа беше поништен, а 5 пратеници беа воздржани.
Вториот член на предлог уставните измени беше усвоен со 357 гласови. На ова тајно гласање учествуваа 529 пратеници. 149 пратеници гласаа против, 17 гласачки ливчиња беа празни, додека 6 пратеници беа воздржани.
По усвојувањето и на вториот член за уставни измени, Советодавниот одбор го прифати предлогот на Генералното заседание на Големото национално собрание за состанување на 18 мај среда.
За усвојување на предлогот пред да се одржи референдум, потребни се 367 гласови.
На првиот круг на гласањето беше надмината условот т.е. долната граница за изнесување на референдум од 330 гласови.
Вниманието на јавноста се пренасочи кон вториот круг на гласање.