Турција ќе продолжи со поддршката на праведна борба на Кримските Татари

Кримските Татари, во 1944 година по наредба на тогашниот советски лидер Јозеф Сталин, беа испратени на прогонство во Централна Азија, Урал и Сибиr

492572
Турција ќе продолжи со поддршката на праведна борба на Кримските Татари

Турција ќе продолжи со поддршката на демократската мировна и праведна борба на Кримските Татари.

Портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич по повод 72-та годишнина од прогонството на Татарите од Крим, објави писмено соопштение.

Портпаролот Билгич рече дека прогонството на Татарите од Крим во 1944 година, од страна на тогашното Советско раководство претставува црна дамка во историјата поради што Турција остро го осудува ова етничко чистење.

Билгич потсети на руската окупација и незаконска анексија на Крим во 2014 година, потенцирајќи дека Турција ќе продолжи со поддршката на демократската мировна и праведна борба на Кримските Татари.

Кримските Татари, во 1944 година по наредба на тогашниот советски лидер Јозеф Сталин, ноќта на 17 мај, жени, деца, возрасни и болни, присилно беа одвоени од татковината и без да се остават траги беа испратени на прогонство во Централна Азија, Урал и Сибир.

Десетици илјади Кримски Татари под притисок на бајонетите и оружјето на војниците, присилно беа качени во вагоните на возовите и испратени на смртно патување. Поголемиот број од нив гладни, жедни и болни умреа на ова смртоносно патување. Над сто илјада Кримски Татари продолжуваат да живеат во прогонство. Раната што ја предизвика ова злосторство, сеуште е во сеќавање на Кримските Татари и Турција која ги отвори своите порти за сонародниците кои поминуваа тешки денови во историјата.



Слични вести