Претседателот Ердоган ја побара Џамала по телефон и и честита за победата на Евровизија 2016

Претседателот Ердоган ја побара по телефон кримската татарска пејачка Џамала и и честита за победата на Евровизија 2016

491889
Претседателот Ердоган ја побара Џамала по телефон и и честита за победата на Евровизија 2016

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ја побара по телефон и и честиташе на кримската татарска пејачка Џамала која на годинашното 61-во издание на натпреварот за Избор на песна на Евровизија ја претставуваше Украина и го освои првото место.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган и посакал успех во нејзината понатамошна музичка кариера на Џамала која победи на Евровизија 2016 со песната „1944“ во која се раскажува за насилното протерување на кримските Татари во времето на тогашните Советски власти.

Кримската татарска пејачка Џамала му се заблагодари на претседателот Ердоган за телефонскиот повик.

Џамала рече дека со оваа нејзина победа сите ја научија историјата на Крим која долги години беше криена. 

 



Слични вести