Во прекуграничната операција на турските воени авиони на северот на Ирак убиени 18 терористи на ПКК

Во прекуграниччната воздушна операција на Турските вооружени сили (ТВС) беа погодени терористички цели на терористичката организација ПКК во областите на планината Кандил и Гара при што беа убиени 18 терористи

491258
Во прекуграничната операција на турските воени авиони на северот на Ирак убиени 18 терористи на ПКК

Во реализирана воздушна операција против терористичката организација ПКК во областите на планината Кандил и Гара во северниот дел на Ирак беа убиени 18 терористи.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека во прекуграничната воздушна операција во која учествуваа воени авиони на Турските вооружени сили (ТВС) од типот Ф-16 и Ф-4 беа погодени со сто процентна прецизност однапред утврдени терористички цели.

Турските вооружени сили (ТВС) од јули 2015 година реализираат прекугранични воздушни операции врз камповите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на планината Кандил и околните области во северниот дел на Ирак.

Во соопштението на Генералштабот исто така се вели дека во последните реализирани операции во подрачјата на градовите Мардин, Ширнак, Хаќќари и Карс беа убиени 17 терористи на ПКК.



Слични вести