Вчера беше радосен ден за семејството на претседателот Ердоган

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера ја омажи својата најмала ќерка Сумејје Ердоган која стапи во брак со Селчук Бајрактар

490984
Вчера беше радосен ден за семејството на претседателот Ердоган

Вчера беше радосен ден за семејството на претседателот Ердоган...

Најмалата ќерка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Сумејје Ердоган, вчера стапи во брак со Селчук Бајрактар.

На венчавката што се одржа во Истанбул учествуваа приближно 6 илјади поканети гости од земјата и од странство.

Сведоци на венчавката со која Сумејје Ердоган и Селчук Бајрактар стапија во брак беа претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман, премиерот Ахмет Давутоглу, поранешниот претседателот Абдуллах Ѓул, началникот на Генералштабот Генерал на Армија Хулуси Акар, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, пакистанскиот премиер Наваз Шериф, албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот либански премиер Саад Харири.

По венчавката претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган одржа кус говор исполнет со емотивни чувства.

Ердоган рече: „На Сумејје додека беше мала и велев “ти си светлина во моите очи’. Сега таа се одделува од своето семејство.“ 

 



Слични вести